Author Topic: новата безжична дигитална телевизија  (Read 798 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline bordan

  • Sr. Member
  • ****
  • Posts: 189
Известување за јавноста,
Скопје, септември 2009

Оваа есен 95% од домаќинствата во Република Македонија ќе бидат во можност да уживаат во програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за 7 дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот.

Во наредните недели, 500 македонски домаќинства ќе имаат можност бесплатно да го пробаат новиот тв сервис.

Ќе бидат понудени голем број домашни и странски канали од најпопуларните жанрови меѓу македонските гледачи; спорт, филм, музика, детска, документарна и образовна програма и канали за возрасни со посебна заштита за децата. Пакетот ќе содржи и тв програма со висока резолуција.

Добар дел од најдобрите светски канали ќе бидат ексклузивно достапни само на безжичната дигитална телевизија.

Најголема новина е локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските канали се титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во РМ , онака како што е пропишано во домашните закони.

Во компанијата изразуваат големо задоволство од фактот што по неколку месечни преговори со најголемите светски тв куќи, тие се согласиле по прв пат да го вметнат македонскиот јазик како рамноправен на останатите светски јазици на кои се емитуваат нивните програми. Во најскоро време, ќе биде понуден и превод на албански јазик.

Сопствениците на правата на странските програми се крајно задоволни што во РМ нашле сериозен партнер со чија помош конечно ќе се среди повеќегодишниот хаос во дистрибуцијата на тв канали, што подразбира целосно почитување на авторските права и справување со изворите на бесправното емитување туѓа програма.

Најголемите светски тв куќи во соработка со нивниот долгогодишен партнер Телеком Словеније се цврсто решени со сите правни средства целосно да ја заштитат сопствената програма од понатамошна дива злоупотреба како и на своите инвестиции во РМ во вредност од над 250 милиони евра да им обезбедат јасна правна околина и услови за фер и лојален натпревар на пазарот.

Проектот се финализира со постојана добра соработка со сите надлежни институции, особено со Советот за Радиодифузија и Агенцијата за Електронски комуникации, која е известена за сите технички потешкотии и начини за нивно надминување.

Инвестицијата во безжичната дигитална телевизија за Република Македонија е во целост финансиски обезбедена и Телеком Словенија е сигурен дека на македонските домаќинства од оваа есен ќе им овозможи да следат ТВ програми по сите најнови светски стандарди.

 

 Предраг Чемерикиќ
Директор на проектот ДВБ-Т